ВИДЕО: Даци двоен стрелец во белгиската лига против Мускрон

даци
Девсет гола во 15 настапи на Ердон Даци за Вестерло/Фото: Luc Meynaerts/kvcwesterlo.be

Денеска во 14. коло од втората белгиска лига составот на Вестерло триумфираше на домашен терен против Мускрон со 4:3.

По првите 45 минути водеа гостите со 0:2, Јенсен си постигна автогол во 10 минута, а во 22 минута погодок запиша Чевалиер.

Во 55 минута Мускрон остана со еден играч помалку поради двата жолти картони на Мини, а тоа го искористи за израмнување и брзи два гола преку Бернат од пенал и македонскиот интернационалец Ердон Даци.

Фостер се погрижи за 3:2 во 66 минута, а во 74 минута Даци го реализираше и својот втор гол на мечот за 4:2. Гостите до крајот само успеаја да го ублажат поразот (Бакиќ, 90+3`).

Даци има одлична сезона има осум голови од 11 настапи, моментно втор стрелец во шампионатот.

На табелата убедливо води Вестерло со 33 бодови, 13 повеќе од Ваасланд-Беверен, РВДМ и Деинзе на делба на второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот