ВИДЕО | Дабл-дабл за Јокиќ, Лејкерси подобри од Спарс

Фото: Los Angeles Lakers/Тwitter

Кошаркарите на Лејкерси стигнаа само до шестата победа во 17. натпревар сезонава во НБА лигата, изминатата ноќ го совладаа Сан Антонио со 105:94.

За Лејкерси ова беше четврти триумф во последните пет натпревари, а прв по подолго време со Леброн во екипата кој се врати откако пропушти шест натпревари поради повреда. Натпреварот Леброн го заврши со 21 поен, осум скока и пет асистенции. Покрај Леброн одличен беше и Ентони Дејвис кој запиша дабл-дабл од 25 поени и 15 скока.

Најнеизвесниот натпревар изминатата вечер го одиграа Портланд и Њујорк Никси во „Медисон Сквер Гарден“, гостите славеа победа со 132:129 после продолжение од пет минути. Личен рекорд оствари Џереми Грент од 44 поени, Енферни Симонс додаде 38 поени.

Одлична вечер имаа и најзаслужни за победите на своите тимови беа Јанис Антетокумпо и Стеф Кари. Грчкиот кошаркар со 38 поени го предводеше Милвоки до триумф против Кливленд (117:102). Кари постигна 33 поени во победата на Вориорси против Јута (129:118).

Никола Јокиќ оствари дабл-дабл учинок во победата на Денвер со Клиперс (114:110). Српскиот центар постигна 19 поени, додаде 13 скока и шест асистенции. Гордон беше поентерски најрасположен со 29 поени. Вол на другата страна постигна 23 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Филаделфија 99-107, Њујорк – Портланд 129-132 (п), Бостон – Сакраменто 122-104, Хјустон – Атланта 128-122, Индијана – Бруклин 128-117, Мемфис – Њу Орлеанс 132-111, Мајами – Вашингтон 110-107, Милвоки – Кливленд 117-102, Оклахома – Чикаго 123-119 (п), С. Антонио – ЛА Лејкерс 94-105, Феникс – Детроит 108-102, Г. Стејт – Јута 129-118, ЛА Клиперс – Денвер 104-114.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот