ВИДЕО | Дабл-дабл на Јокиќ, но пораз за Деневер, Мајами израмни во серијата

Фото: EPA-EFE/BOB PEARSON SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Мајами изминатата вечер успеаа да направат „брејк“ во вториот натпревар од финалната серија против Денвер. Во натпревар во кој видовме повеќе пресврт гостите славеа со 108:111.

Почетокот на мечот беше во знак на Мајами кој ја наметна својата предност и изгради предност која ја бранеше во првата четвртина. Денвер успеа да се консолидира, па со серија од 27:6 си создаде двоцифрена предност. Најголемото водство за Јокиќ и друштвото беше од 15 поени разлика.

Мајами во финишот од првиот дуел успеа да се врати и да намали на 57:51.

Пред крајот на третиот период Мајами се уште имаше водство од 83:75, а тогаш со одлична игра во последниот период „жешките“ успеаа да го одлучат натпреварот. Стигна Мајами и до двоцифрена предност, но Денвер успеа да намали.

Никола Јокиќ одигра уште еден добар меч во кој постигна 41 поен и додаде 11 скока. Во редовите на Мајами се истакна Винсент со 23 поени, додека Адебајо и Батлер додадоа по 21.

Следниот натпревар се игра на осми јуни во Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот