ВИДЕО | Дабл-дабл на Јокиќ и нов пораз на Денвер

Фото: Denver Nuggets/Тwitter

Нов пораз во НБА лигата забележа лидерот на Западната конференција, тимот на Денвер.

Нагетси сега беа поразени на гости кај Њујорк Никси во „Медисон Сквер Гарден“ со 116:110. Натпреварот донесе многу пресврти, двете екипи имаа свои моменти, но на крајот победата ја однесоа домаќините.

Никси во нападот беа предводени од Брансон кој постигна 24 поени, а го следеа Берет со 21 и Рендл со 20 поени. Никола Јокиќ стигна до дабл-дабл учинок кај Денвер од 24 поени и 10 скокај, Мареј уфрли 25 поени.

Пораз запиша и актуелниот шампон Голден Стејт. Вориорси беа поразени од Мемфис со 133:119. Мечот во „ФедЕксФорум“ целосно му припадна на домаќинот кој водеше скоро во текот на целиот натпреавр. Во отсуство на првата ѕвезда Џа Морант, Џексон го предводеше Мемфис со 31 поен, зад него следуваше Бејн со 26 поени. На спротивната страна Кари и Томпсон комбинираа 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Индијана 121:141, Торонто – Минесота 122:107, Чикаго Мајами 113:99, Сакраменто – Вашингтон 118:132, Јута – Бостон 118:117, ЛА Клиперс – Орландо 108:113.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот