ВИДЕО | „Да замижеме пред сѐ“: Тамара Тодевска ја најави својата нова песна

Тамара Тодевска
Тамара Тодевска / Фото: Инстаграм, Тамара Тодевска

Пејачката Тамара Тодевска неодамна настапи пред скопската публика и ги изведе своите најголеми музички хитови. Во разговор за естрадниот магазин „Бекстејџ“, таа изјави дека Скопје е нејзин град и дека ѝ е најубаво кога пее пред домашната публика.

„Скопје е мојот дом, тука сум израсната, по овие улици сум растена. Буквално, има еден тон луѓе кои ги познавам, кои ги почитувам и кои мене ме почитуваат. На скоро секоја свирка има поединци коишто доаѓаат и точно знам кои се“, вели Тамара.

Исто така, Тамара сподели детали за својата нова песна „Замижи“, но и откри дека работи на нова музика заедно со еден од најактуелните рапери и продуценти во Србија, Слободан Вељковиќ – Цоби.

„Оваа песна е многу емотивна и длабока. Отприлика, текстот оди ‘Замижи и пробај да се сетиш да бидеш стариот ти’. Целата ситуација некако нѐ однесе во тој правец и сфативме дека таа песна треба да се издаде баш во овој момент. Едноставно, треба да се вратиме на оние стари и убави моменти кои сме ги доживувале, да заборавиме на сѐ лошо кое ни се случувало во изминативе години, да продолжиме со крената глава – ведри и расположени, полни со љубов и задоволство во себе. Да замижеме пред сѐ“, сподели таа.

Видео на денот