ВИДЕО | Д-р Захариева: Огромна бројка на хоспитализирани во Куманово, на помош доаѓаат специјализанти од Крива Паланка

Во Куманово моментов има 67 хоспитализирани лица. Тоа е огромна бројка. Пред една недела бевме принудени да пуштиме уште еден објект, истакна за „Утрински брифинг“ кој се емитува на „Слободна Тв“, д-р Снежана Захариева, директор на Кумановската болница.

-Не смееме да сметаме само на Клиниките. Самиот транспорт е голем проблем за заболените. Треба во момент да се реагира. Се прилагодуваме од ден на ден. Треба да се најдат решенија. Објектите не се проблем. Проблем е пренамената и персоналот. Денес на помош ни доаѓаат специјализанти од Крива Паланка- вели д-р Снежана Захариева, директор на Кумановската болница.

Имаме само тројца инфектолози. На помош доаѓаат специјализанти и општи доктори кои го познаваат начинот на работа.

-Во другиот оддел има и интернисти кои се поддршка и помош на младите колеги, вели Захариева и додава дека останатите пациенти кои не се заболени од ковид-19 не се оставени сами. Имаме механизми, оперативниот програм функционира, иако заради додатните ангажмани моравме да редуцираме одредени термини, вели Захариева и апелира за дисциплина, водење сметка и за себе и за другите- вели д-р Захариева.

Целиот разговор проследете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот