ВИДЕО | Д-р Пановски: Колективен имунитет е делумно создаден – да издржиме овие два месеци и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки

Да се надеваме дека бројките нема да растат. Колективен имунитет е делумно создаден кај одредени групи на популацијата или во одредени населени места кај што најмногу се ширеше, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Никола Пановски, но и предупредува дека се уште ништо не е завршено.

-Мерките не треба многу да се олабавуваат. Од 15 декември почна падот. Сега сме блиску како и пред да почне вториот бран. Бројот се уште е голем и таа бројка може брзо и да се качи – нешто слично како и пред вториот бран, вели д-р Пановски.

Според него новиот сој на вирусот е тука и прашање на време кога ќе се открие и колку брзо ќе се прошири.

-Што подоцна тоа подобро. 50-70% е попренослив и затоа е важно и вакцината да дојде побрзо, смета д-р Пановски и додава дека за британскиот сој со голема веројатност вакцината и сегашниот имунитет штитат, а докажано е дека и тој и јужноафриканската мутација побрзо се шират.

-Масовното пренесување е во затворените простории, надвор е е сосема друго. Ако е како вчера, со ветер, тој не може да се прошири. Затоа треба да издржиме да дојде до пролет и сосема по друго ќе биде. Мислам дека треба сите да се стрпат и овие два месеци треба да се издржат и да ја дочекаме пролетта со ниски бројки, вели д-р Пановски.

За тоа дали се потфрли со вакцинацијата, требаше ли да се остави на веледрогериите да ги набавуваат вакцините погледнете во видеото од разговорот со проф. д-р Никола Пановски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот