ВИДЕО | Д-р Митов: Здравството во светот поминува низ револуција, следува ера после ракот

д-р Александар Митов
д-р Александар Митов / Утрински брифинг

Кога ќе дојде некоја точка на Владата, терминологијата е доаѓа информација на Влада. И кога владата ќе ја разгледа прво комисиски, потоа на седница на влада, носи заклучок. Заклучокот е моќта на владата. Претходно имаше механизми на кои што Генералниот секретаријат им ги враќаше сите идни информации, де факто ги блокираше тие инстутуции кои што не ја слушааат Владата, вели за Утрински брифинг, д-р Александар Митов.

-Инспекторатите се осамостоија, беа ставени под инспекцискиот совет. Факт е дека немаат возила, немаат вработени, немаат бензин. Тоа е се факт. Состојбата во инспекторатите е прилично лоша, но преку нив се реализира политичката волја на која и да е владејачка гарнитура да ги спроведе законите до крај, вели д-р Митов.

-Многу е јасно, Влада носи заклучок, заклучокот стига до соодветна институција, а институцијата треба да го спроведе, ако не го спроведе директорот си оди, додава тој.

-Здравството во светот поминува низ една револуција. Многу драматично се менуваат здравствените системи кон позитивно. И тој бран на дигитализација ги прави здравствените системи многу поефикасни, вели д-р Митов.

Д-р Митов говореше и за ерата по ракот, која ќе ја постигнеме со пронаоѓањето лекови за оваа честопати смртоносна болест.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот