ВИДЕО: Д-р Митов за улогата на исхраната, внесувањето на витамини и причините за падот на новоинфицирани со ковид-19

Бројките кај нас паѓаат заради две причини. Првата е дека имаме значителен дел од популацијата кој бил заразен, прележал и создал имунитет. Ако одиме според литературата, односно епидемиологијата, она што го имаме како бројка на заразени е десет до дваесет пати поголем. Ако земате предвид дека одреден период имавме и 30% позитивни од тестираните, тоа значи дека сме поблиску до 20-те проценти.

-Во тој случај имаме преку 50% од населението кое што го има поминато вирусот. Значи природно е сега да сме во фаза кога врвот е поминат и одиме надолу. И секако втората работа се мерките кои се донесоа. Дадоа придонес и мислам дека сега побавно и побавно ќе оди заразувањето на дел од населението, кое ќе има шанса да се вакцинира, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов.

-Убава работа, но и хендикеп на медицината е што година во година толку брзо оди напред што дури и ако сте медицинар, може да се најдете во ситуација кога знаењето ќе ви биде застарено. Таков пример и за Витаминот Д. Јас на пример учев дека е битен за коските. Сега ќе видите како тој направи страшен прогрес – од централната улога коски – сега неговата централна улога е имунитет и го носи името имуномодулатор.

Целиот разговор со д-р Александар Митов погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот