ВИДЕО | Д-р Митов: Внимателно за време на празниците – големо опуштање може да не внесе во „трет бран“

За жал календарски ќе ја завршиме годината, но некаде ќе се најдеме на средината на она што е пандемија. Бројките кај нас паѓаат, но не е готово. Во Велика Британија вчера имаше и рекордни бројки. Настанува мртва трка помеѓу вакцинирањето и самата пандемија. Би било добро да се потсетиме дека големо опуштање сега, за време на празниците, може да не внесе во т.н трет бран, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов.

-Ова што се случи годинава е нешто кое лани никој жив не можеше да го предвиди. Не можеше да се претпостави силниот удар врз здравствените системи, особено европските. Она што мене ме шокира е колку ние европските земји го паднавме тестот со оваа пандемија. Пред се сакам да ги издвојам земјите кои што имаат огромни буџети во здравството и страшно напредна наука. Британија, Франција, Германија САД. Сите тие земји имаат, во споредба со источно-азиските земји, катастрофален одговор на пандемијата. И ние бидејќи се поведовме по напредните земји, не одговоривме многу подобро бидејќи влеговме во таа глобана замка. Кому ќе му паднеше на памет дека Британија или Германија немаше да одговори добро на оваа пандемија. така што се испостави дека можеби требало пример да бараме во Виетнам, Тајван, Јужна Кореја, вели д-р Митов.

Сега трендот е кристално јасен – Надолен, остар, состојбата се подоборува, но истовремено со овој тренд треба да бидеме свесни дека вирусот е сепак инзвонредно проширен. Сега има подлога да букне, отколку пред 3,4,5 месеци. Оваа порака треба граѓаните да ја прифатат. Видовме дека сите земји кои се водеа по јавното мнение прво, па после стручната јавност, од прва до последна згрешија, изјави д-р Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот