ВИДЕО | Д-р Митов предупредува: Не секој д-р е доктор по медицина, точноста на информациите е од исклучителна важност

Информираноста на граѓаните – никогаш повеќе не е пребарувано за здравствените теми од ова што сега ни се случува – Ковид – 19. Оваа пандемија ја истакна важноста за навремено и точно информирање.

Гостин во Утрински брифинг беше д-р Александар Митов според кого во овој период се истакна потребата за правење разлика од лажните и точните информации.

-Првото кое го препорачувам е да се провери изворот на информацијата. Сега може да се види разно-разни извори на информации. Тоа е првото нешто што треба да се направи. Второто нешто што е важно дека не самата титула е доказ дека информацијата е точна, вистинска, на место. И кај оние што завршиле некакво образование не значи дека се држат до она што е научно потврдено. Потребен е добар извор, поткрепен од релевантна институција, така што повеќето министерства, институти за јавно здравје се оние кои презентират точни вести. Дури и понекогаш доцнат со информациите се додека не утврдат дека е базирана на науката, вели д-р Митов.

Имаме ситуација каде доктори на науки создаваат конфузија со тоа што намерно ставаат префикс пред името д-р, иако се доктори по науки кои не се од медицината. На ова мора да се внимава. Стручни комори треба да го санкционираат ова. Кога јавно се збори а се бега од она што е медицина базирана на докази никому не е дозволено. На тој начин се загрозува здравјето на граѓаните и не смее да се остава простор секој да се изјаснува како сака, а со тоа да се нанесува штета на населението. Затоа и медицината спаѓа во регулирани професии, бидејќи не може на секој како му текне да се занимава со медицинска информација и доколку не сте едуцирани во областа на јавното здравје, не би требало да се впуштаат во јавен дискурс. Кога ќе се создаде една какафонија и сите да мудруваат како треба а како не треба, кај јавноста се прави една одбивност и се создава впечаток секој да ја избере информацијата што му се допаѓа и тоа води кон нарушување на јавносто здравје, смета д-р Александар Митов.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот