ВИДЕО | Д-р Митов: Медицината конечно се приближи кон превентива

Конечно медицината се приближи кон превентива. Парадигмата само да лекуваме, а малку да спречуваме беше многу присутна. Важноста на превенцијата е исклучително важна, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

-Факт е дека не се сите индустрии во криза. Некои се офајдија. За среќа има многу студии кои укажуваат на земање на одредени додатоци или не. Така што не е само гол профит во прашање. Значи да не дојде до ситуација да се заболиме. Тука постојат низа суплементи кои му помагаат на нашето тело подобро да го преброди цел овој период. Така што има научна основа суплементите да го најдат своето место под Сонцето, вели д-р Александар Митов.

Д-р Александар Митов

Се поставува прашањето, вели д-р Митов, дали не е доволно тоа што нашето тело само го прави за да се одбрани. Но се покажува дека во нашата исхрана постојат реални ризици од недостатоци кои имаат ефект во нашето тело.

-Пример магнезиумиот. Едно е нивото на неговот присуство пред 50 години и сега. Земјата се истоштува и одредени елементи почнуваат да недостигаат. Сакам да кажам дека постојат реални ризици од недостатоци. Исто така тука е и цинкот. Тој не е едноставно да се најде во храната. Зошто е потребно да се зема цинк, витам Ц или Д? За овие јасно знаеме дека имаат некаква поврзаност со имунитетот и неможе да направат проблем за организмот, ја истакна важноста од земањето на овие елементи во исхраната, д-р Митов.

За витаминот Д, вели д-р Митов, тој е имуномодулатор, затоа се поставува прашањето за дозирањто на овој витамин.

-Тоа значи нашето тело адекватно да одговори имунолошки, но да не претера, бидејќи така би се направила бељата. Затоа за овој витамин се поставува прашањето дали е витамин или хормон, бидејќи во нашето тело се однесува на инзвонредно важен начин. Затоа се поставува прашањето за дозирањто на овој витамин. Дозата не може да се утврди универзално. Доколку некој сака да зема пониска доза, веројатноста да си направи штета е мала, но сака ли некој да зема поголеми дози има некои чекори кои треба да се направат. Преку крв да се види не само нивото на Д, туку и на парахормонот, калциумот и да се следи јасен протокол за одредување на правата доза. Затоа ако се ниски дози можат да се земат – од 1.000 до 2.000, вели д-р Митов.

Целиот разговор проследете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот