ВИДЕО | Д-р Митов: Лекувањето е како џез музика, ритамот е протоколот, а мелодијата е односот доктор пациент

д-р Александар Митов / Утрински брифинг

Денешна тема во разговорот со д-р Александар Митов беа протоколите во третирањето на заболувањата.

-Протоколите се важни затоа што го трасираат патот на пациентот од дијагнозата, третманот до конечни резултати. Протоколот треба да даде прецизен пат по кој ќе се одвива лечењето. Ако порано беше дека лекарот може да лекува поради искуство, сето тоа во современата медицина се сведува на докази и тука најмалку значење има личното мислење на експертите, вели д-р Митов.

Тој вели дека лекувањето е како џез музика, ритамот е протоколот, а мелодијата е односот доктор пациент, и тука до израз доаѓа уметноста на лекарот.

-Се постави една теза дека протоколот е шаблон, дека шаблонизирањето е погрешно, а тоа всушност е гаранција за квалитетот, гаранција дека процедурата која што се прави ќе биде добра. Токму крутоста на протоколите утре може да го повика на одговорност докторот доколку не го следел овој пат, вели д-р Митов.

Во однос на ковид третманот комората вели дека нема протоколи, Министерството вели дека има.

-Искрено, се обидов да го најдам на нивната интернет страницаа каде и всушност треба да биде достапен до сите граѓани, но не успеав да го најдам. И искрено тука мислам дека Хрватска направи најдобро. Министерот на Хрватска свика една група експерти и таа група пропиша документ кој беше објавен во Службен весник и тука се стави крај на приказната. Протоколите се од суштинско значење. Сметам дека не е доцна тоа да се направи и кај нас бидејќи има насушна потреба од ваков документ, вели за Утрински брифинг д-р Александар Митов.

Целиот разговор во видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот