ВИДЕО | Д-р Митов: Иако треба да е дел од нашето нормално функционирање, стресот поприма форми на кои не сме навикнати

д-р Александар Митов за Утрински брифинг
д-р Александар Митов / Утрински брифинг

За жал стресот поприма форми на кои што ние не сме навикнати, бидејќи стресот сам по себе треба да биде составен дел од нашето нормално функционирање. Природата го дала со одредена цел, тоа е одговор на цела наша биологија на сите ситуации кои ни се случуваат, вели д-р Александар Митов за Утрински брифинг.

-Но овие современи форми на стрес го наоѓаат нашето тело збунето и неподготвено. На пример, нашиот мозок има капацитет за тоа колку информации може да собере и обработи и не е неограничен. И денеска во текот на денот ако земете да видите што се може да видиме по социјалните мрежи, телевизии, медиуми, некој пресметал дека се информации кои нашите предци од пред пет векови би го собрале во цела една година. Тоа се покажува дека има последици, особено кај децата кои исто се изложени на таков напад, вели д-р Митов.

Освен тоа, се појавуваат нови видови на загаденост. Постои визуелна загаденост, постои загаденост со светлина во ноќно време, постои звучна загаденост која е далеку над границите.

-Ставени сме во ситуација да се чудиме зошто нервите ни попуштаат, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот