ВИДЕО | Д-р Митов: Хипертензијата е најважно, а запоставено здравствено прашање – се јавува дури и кај тинејџери и тоа е алармантно

Покачениот крвен притисок и неговата регулација е едно од најважните запоставено јавно здравствено прашање. Покачениот крвен притисок СЗО го става во самиот врв на сериозните ризик фактори кои придонесуваат за висока смртност. Тоа е извонредно потценет проблем. Според мене ова е тема која треба редовно да се обработува и спомнува, бидејќи со многу малку може да се постигне голем ефект и да се направи значителна промена во јавното здравје на населението, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

За жал ние имаме население каде што многу треба да се работи на планот на здравствена култура, а кога доаѓа во прашање хипертензијата уште повеќе важи тоа дека немаме соодветно знаење, вели Д-р Митов.

-Македонија е во самиот европски врв на прекумерна телесна тежина кај децата, а никому не му паѓа на памет да мери крвен притисок кај дете. Јас сум бил во ситуацијата да бидам со дечиња од 13-14 годишна возраст со над 100 килограми каде притисокот одел од 140 нагоре. Добар дел од педијатрите немаат и ваква соодветна опрема за работа со деца, вели д-р Митов.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеотo:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот