ВИДЕО | Д-р Митов: Државата треба да создаде услови за здравствениот туризам

д-р Александар Митов / Утрински брифинг
д-р Александар Митов / Утрински брифинг

Имаше зародиш на некои активности пред неколку години кога почнаа да се организираат тие работи и ние почнавме со еден дентален туризам и установивме дека тоа може да функционира и на територијата на целата држава. Има простор, дотолку повеќе што некои земји оваа работа многу сериозно си ја има сфатено, вели за Утрински брифинг д-р Александар Митов.

-Во Хрватска пресметале дека преближно 300 милиони годишно заработуваат токму на ваков туризам. Една Германија заработува над 1 милијарда, Турција е таков друг гигант… Ние сме доволно мали и флексибилни да можеме лесно да се прилагодуваме конкретно и за поодделни области, додава тој.

-Јас сум за државата да ги создава условите, да помага да ја гради инфраструктурата да може тоа да се случи. Во времето кога бев советник на Никола Груевски овие теми имаа посебен третман. Сите ресори институции помагаа тоа да се оствари. Посебни владини состаноци имаше токму на овие теми и тоа добро функционираше, вели д-р Митов.

-Мој добронамерен совет е да се подзаборави да се известува на пресови и ПР активности поврзани со короната туку сега таа е во залез и треба да се оди понатаму, вели д-р Митов.

-Медицинскиот туризам, велнес туризмот, бањи, движење по планини, тоа се нашите потенцијали и државата сериозно мора да размисли и да ги искористи овие потенцијали, вели за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот