ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ: Мајмунските сипаници се универзален патоген кој ги напаѓа сите возрасти, но засега нема простор за паника

Д-р Злате Мехмедовиќ/Фото: Слободен печат

Нема потреба од паника околу мајмунските сипаници. Комисијата за заразни болести ја следи состојбата во светот и ние како Комисија веднаш ќе реагираме и ќе ја информираме јавноста ако има развој. Во мометов тоа е повеќе информациски афирмирана работата отколку што би требало да биде. Ние стручните лица и Комисијата за заразни болести сме тука да објасниме се што е поврзано со оваа болест, изјави во Утрински брифинг д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со Светската здравствена организација за да се обезбедат посебни дијагностички китови за ПЦР-тестирање за мајмунските сипаници.

Иако во светот речиси секојдневно се појавуваат нови случаи кои предизвикуваат загриженост и меѓу луѓето и кај здравствените власти, сепак во РСМ нема засега нема простор за паника.

– Во Северна Македонија сѐ уште не е детектиран случај. Во земјите каде што е детектиран и каде што се смета дека има избивање на зараза, во просек се еден до пет случаи, само неколку земји бројат над 20 случаи. Се` на се` во цел свет се само 120 случаи и 200 суспектни случаи. Она што сега загрижува, е што случаите се надвор од ендемските подрачја, со трансмисија од човек на човек, вели д-р Мехмедовиќ.

 

Тој во гостувањето на Утрински брифинг се осврна и на ранливите групи од вирусот на мајмунски сипаници. Овој пат тоа се децата, за разлика од ковидот кој пак повеќе ја напаѓаше повозрасната популација.

– Ковидот имаше тенденција да биде поагресивен кон повозрасните старосни групи. Кон децата речиси и да немаше некои сериозни ефекти. Имаше заболени деца, но тоа беше многу мал број. Кај мајмунските сипаници состојбата е малку поразлична. Тој е универзален патоген кој ги напаѓа сите возрасти, и особено како вунрабилни се сметаат децата, бремените жени и оние коишто имаат нарушен имунитет, односно оние кои имаат промени во имунитетот, се имуносупресирани и неможат да создадат добар имун одговор. Тоа се ризичните групи во однос на мајмунските сипанции и затоа има една дополнителна загриженост на светот, поради таа негова универзална можност да зарази кого било од која било возраст, вели д-р Мехмедовиќ.

Според последните информации едно дете веќе е хоспитализирано во Велика Британија со вирусот на мајмунски сипаници.

– Се надевам дека ќе успееме да го пресечеме текот на заразата порано за да не стигне вирусот до децата. Во спротивно тоа навистина би било тешко за третман и за понатамошно развивање на болеста и следењето на компликациите од болеста, вели д-р Мехмедовиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот