ВИДЕО | Д-р Исјановски: Здравствениот дом Скопје се покажа како добра бариера пред клиниките и болниците

Брзите тестови се распределени во шесте пунктови во Скопје. Сето тоа оди преку матичниот лекар, за граѓаните да можат да добијат резултат за петнаесеттина минути. Доколкку тестот е позитивен значи нема потреба од ПЦР тест. Со ваков резултат од тестот истиот ден се добива решение за изолација. Негативниот тест по препорака и од СЗО бара потреба и од ПЦР тест, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ првиот човек на Здравствен дом Скопје, Д-р Виктор Исјановски.

-Бројките се големи. Гледаме дека и во регионот и во светот е исто. Има една голема распространетост на вирусот. Здравствениот систем добро се држи, а здравствениот дом се покажа како добра бариера спрема Клиничкиот центар и останатите болници и клиники. Засега успеваме да го издржиме приитисокот. Засега состојбата на територијата на град Скопје со брзата помош е стабилна. Засега имаме доволен број на екипи кои го покриваат работењето. Гледаме со распореди и термини да нема некој застој, рече Исјановски.

-Стапивме во контакт со ЕУ и СЗО. Еден дел од количината на вакцина е обезбеден и за нашата држава кога истата ќе почне да се прераспределува во Европската унија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Д-р Виктор Исјановски, Здравствен дом Скопје.

Целиот разговор проследете го во видеото: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот