ВИДЕО | Д-р Дединец: Во наредните 5 години најмалку 4 милијарди евра инвестиции во енергетиката

Енергетиката се наметнува како еден од главните приоритети во делот на инвестиции во Македонија. Со помош на британската Влада беше изработена стратегијата за енергетика и од Владата беше усвоена во 2019. Поради импликациите поврзани со ковид-19 се направи ажурирање на таа стратегија за енергетика и се виде кое е влијанието на ковид-19 кое што може да го има во следните 5 години во делот на енергетиката. Врз основа на таа ажурирана верзија се изработи програма за реализација на стратегијата до 2025 година. Како еден од начините да излезете побрзо од оваа ковид криза е и поттикнување на инвестициите во делот на енергетиката. Доста инвестиции се предвидени до 2025, предвидени се 80 детални мерки за исполнување на одредени цели и инвестиции, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Дединец стручен соработник во Центрите за стратегиски развој во МАНУ.

„Самата програма има пет столба – едниот е декарбонизација, енергетска ефикасност, сигурност во снабдувањето, внатрешни пазари и истражување иновативност и конкурентност. Направена е приоретизација на самите мерки врз основа на одредени критериуми. Како најприоритетни мерки се изградба на „Чебрен“, изградба на нова гасна електроцентрала, изградба на фотонапонска електроцентрала во Осломеј и ветерни електрани“, додава Дединец.

Оваа прорама која ја изработивме дојдовме до податок дека треба 4.7 милијарди треба да бидат инвестирани во енергетиката и ако се користат оние мултуипликатори во економијата се добива дека тоа ќе додаде додадена вредност на БДП некаде околу 4 милијарди евра. Од каде тие средства – околу 2 милијарди евра треба да дојдат од самит екорисници, пред се од домаќинствата. Една милијарда од приватните компании, како добар механизам е и јавното – приватно партнерство, некаде околу 870 милиони евра треба да дојдат од јавно-приватно пратнерство. Централниот буџет би учествувал со околу 340 милиони евра, пота имаме донатори како ЕБРД, ЕСМ, општините итн..

„Она што се покажа доста добро во претходните години, е дека субвенциите кои беа дадени од владата ги зголемија инвестициите во енергетиката“, смета Дединец.

Целиот разговор со д-р Дединец погледнете го во видеото:

Видео на денот