ВИДЕО | Д-р Бубало: Итната помош дневно има меѓу 80 и 120 повици, некогаш доцни поради сообраќајниот метеж низ Скопје

Д-р Милица Бубало од скопската Итна помош, гостин во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

Кога е нечиј живот во прашање брзата реакција е најважна. Силна сирена, сина ротациона светлина и обележано возило се знак дека лицата во бели мантили брзаат онаму каде што е потребна итност.

Бројот е 194 но, кога треба да се јавите на овој број и колку време е потребно тимот да стигне до вас зависи од повеќе фактори.

Итната медицинска помош секогаш е со полни раце работа, особено сега во услови на пандемија од корона вирус.

За сите предизвици со кои се соочуваат, безрезервно давајќи се себе си, за да спасат друг во Утрински брифинг разговаравме со координаторот на Брза Помош, д-р Милица Бубало.

-Итната медицинска помош има таква организациска поставеност во диспечерскиот центар постојано има тим на доктор и сестра кои што одговараат на повиците на граѓаните и ги дистрибуираат до екипите кои што се на терен. Во моментов во Итната медицинска помош имаме осум тима во текот на дневната смена седум тима во текот на ноќната смена, рече д-р Бубало.

Докторката смета дека во моментов со овој медицински кадар може да се покријат потребите на граѓаните, но доколку би имале можност за нови вработувања секако би биле задоволни, рече таа.

-Во просек во текот на 24 часа има од 80 до 120 интервенции, граѓаните понекогаш бараат и совети, а ако имаат ургентна состојба, тие се приоритет за реакција на ИМП, вели Бубало.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот