ВИДЕО | Д-р Беговиќ: Обуката на лекарите трае предолго за да дозволиме лесно да го губиме стручниот кадар

д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар
д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар / Утрински брифинг

Како Синдикат не очекувавме, па и јас лично, дека целата работа ќе оди во овој правец, односно дека некои директори на Клиниките и во други Јавни здравствени установи, па и министерот за здравство нема да го почитуваат и нема да постапат согласно Законот. Законот е јасен и утврдува дека сите здравствени работници и соработници треба да го продолжат Договорот за вработување, најмногу до 67 години возраст, изјави во Утрински брифинг д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар.

-Тоа се гледа во членот 104 од Законот за работни односи, кој е изменет и дополнет и кој за здравствените работници и соработници, а исто така и за наставно-научниот кадар дава исклучок, да со други Закони се утврди нивното право на продолжување на Договорот за вработување најмногу до 67 години возраст, вели д-р Беговиќ и додава дека тоа е утврдено во Законот за здравствена заштита за здравствените работници и соработници, додека за наставно-научниот кадар тоа е утврдено во Законот за високо образование во членот 187.

-Двата Закони утврдуваат право да им се продолжи Договорот за вработување. Овој Закон за здравствена заштита, членот 204а ги опфаќа сите здравствени работници и соработници, значи не само наставно-научниот кадар, а голем дел од нив се и од професорскиот кадар, вели Беговиќ.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот