ВИДЕО: Црвена звезда стана шампион четврти пат по ред!

Фото: facebook.com/crvenazvezdafk

Црвена звезда со победата над Војводина (1:0) во 34 коло од српската Суперлига обезбеди нова титула шампион на Србија, четврта по ред, а 32 во нејзината историја.

Белградските „црвено-бели“ на четири кола пред крајот на првенството, ја обезбедија титулата шампион.

Домаќините дојдоа до 32 победа сезонава после автоголот на Саничанин во 13 минута од средбата на стадионот „Рајко Митиќ“.

Гостите останаа со еден играч помалку од 60 минута, кога директен црвен картон доби Ѓуриќ.

На табелата Црвена звезда има 98 бодови, пред Партизан на втората позиција (86), следуваат Чукарички (68), Војводина (66), Радник (52)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот