ВИДЕО: Целосна блокада Британија најмалку до 15 февруари, Борис Џонсон објави хорор ковид статистика

epa08346731 (FILE) British Prime Minister Boris Johnson speaks during a news conference inside 10 Downing Street in London, Britain, 12 March 2020 (reissued 06 April 2020). According to reports, British Prime Minister Boris Johnson has been moved to intensive care unit on 06 April 2020 after his symptoms have worsened. Johnson was admitted to hospital yesterday, ten days after being tested positive for the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA / POOL

Во телевизиско обраќање до нацијата, премиерот најави нови ограничувања кои во голема мера ги отсликуваат оние воведени на почетокот на пандемијата.

„Со оглед на тоа што поголемиот дел од земјата е веќе под екстремни мерки, јасно е дека треба да сториме повеќе, заедно, за да ја ставиме под контрола оваа нова варијанта додека се шират нашите вакцини. Во Англија, затоа мора да одиме во национална блокада која е доволно тешка за да ја содржи оваа варијанта. Тоа значи дека Владата уште еднаш ве упатува да останете дома. “ соопшти Џонсон.

Премиерот рече дека на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за одредени исклучоци, вклучувајќи купување на најважни работи.

Полицијата ќе добие законски овластувања за спроведување на драконските мерки.

Сите училишта треба да бидат затворени најмалку до средината на март, во февруари ќе останат отворени само за децата на клучните работници и за оние од ранливите семејства.

На студентите од универзитетите им е речено да не се враќаат во кампусите и наставата да се одвива преку Интернет во текот на заклучувањето.

Тој рече дека бил решен да ги задржи училиштата отворени, но бил принуден да постапи поинаку по напливот на бројот на новозаболени.

Денешните бројки покажуваат дека 58,784 нови инфекции се регистрирани во последните 24 часа.

Во британија веќе е седми ден по ред, регистрирани се над 50.000 инфекции со пораст на стапката на случаи 49,8 проценти во текот на изминатата недела.

Претходно, денес на состанокот на работната група на Владата „Ковид-О“, премиерот беше предупреден на 29 декември неверојатни 80.644 лица со позитивен тест за вирусот.

Највисоките британски здравствени власти од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска предупредија денеска дека постои реален ризик здравствениот систем во многу делови на земјата да биде преоптоварен во следните три недели, доколку не бидат воведени нови мерки против епидемијата на коронавирус.

Тие предложија воведување вонредна состојба од четврти или петти степен пред вечерашното обраќање на британскиот премиер Борис Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот