ВИДЕО: Црвена звезда во Белград славеше против литванскиот Жалгирис

Втора победа сезонава за Црвена звезда во Евролигата/Белград, Србија/13 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа тимот на Жалгирис во Белград со 73:61 (13:14, 16:13, 17:15, 27:19) во рамките од третото коло во Евролигата.

Избраниците на Дејан Радоњиќ одиграа одличен натпревар против литванскиот претставник. Првата четвртина им припадна на гостите кои поведоа со 14:13. Во втората, „црвено-белите“ влегоа во ритам и беа подобри со 16:13, со што се стекнаа со предност од два поени на полувреме.

И третиот дел му припадна на домаќинот, кој беше подобар со 17:15, што ги доведе Србите до предност од четири поени пред последната делница. Во завршните 10 минути, Звезда само ја потврди моменталната доминација, освојувајќи ја со 25:19 и со тоа стигна до 11 поени разлика, што беше најголемото водство на домаќините.

Најефикасен во редовите на Црвена звезда беше Никола Калиниќ со 15 поени и три асистенции, додека во тимот на Жалгирис, најдобро се истакна беше Џош Небо со 14 поени.

Црвена звезда ќе игра против ЦСКА Москва во следното коло од Евролигата на 15 октомври, додека Жалгирис ќе игра против Олимпијакос во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот