фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Црвена звезда славеше против Монако во Евролигата

Црвена звезда во Белград вечерва по едно продолжение го совлада Монако на домашен терен со резултат 88:82 (13:21, 23:13, 23:26, 17:16, 12:6), во 22. коло од Евролигата.

Најефикасен во составот на српскиот кошаркарски клуб беше Филип Петрушев со 29 поени и шест скока.

Исаја Кенан постигна 20 поени, а Џоел Боломбој додаде 15 поени и пет скока. Никола Калиниќ забележа шест асистенции, пет поени, пет скока и три украдени топки.

Во француската екипа, Џерон Блосомгејм и Донатас Мотијунас имаа по 16 поени. Мајк Џејмс постигна 14 поени и седум асистенции.

Црвена звезда сега има 13 победи и девет порази во Евролигата, а во следното коло ќе игра против Макаби во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

Монако има учинок од 13-9 во Евролигата и во следното коло ќе се сретне со Виртус Болоња.

Евролига, 22. коло

Петок, резултати:

Фенербахче – Жалгирис Каунас 98:86
Црвена звезда – Монако 88:82
Басконија – Панатинаикос 91:77
Баерн – Виртус Болоња 72:82
Барселона – Анадолу Ефес 90:80

Табела: Олимпијакос 16-6, Фенербахче 14-7, Париз 13-8. Монако 13-9, Панатинаикос 13-9, Барселона 13-9, Црвена звезда 13-9, Реал Мадрид 13-9, Реал Мадрид 12-10, Олимпија Милано 12-10, Баерн 12-10, Партизан 11-11, Жалгирис Каунас 11-11…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот