ВИДЕО | Никогаш не е доцна: Црногорец запиша факултет на 88 години

Бранислав Радуловиќ/Фото: Принтскрин/Јутјуб

Црногорецот Бранислав Радуловиќ стана бруцош на 88 години откако се запиша на Машинскиот факултет на студиската програма Патен сообраќај.

По 34 години пензионирање одлучил повторно да седне на студентските клупи.

„Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање. Дека во нас има потенцијал кој може да се искористи“, рекол Бранислав за РТЦГ.

Тој додал дека младите му даваат сила и волја да истрае што подолго во напорите да ги заврши студиите, иако годините си го прават своето, а со технологијата која многу напреднала, потешко е да се снајде, но колегите му помагаат да го совлада материјалот.

„Така ги собирам моите и нивните години и делам и јас сум млад како нив. Не можам да се пофалам со некои добри резултати на факултет. Ниту сум меѓу најлошите, ниту меѓу најдобрите, златна средина“, скромно изјавил Радуловиќ.

Тој додал дека го мотивирала неговата внука, која неодамна докторирала право во Белград. Меѓутоа, поради една причина, неговото семејство не е воодушевено што почнал да студира.

„Годините си го прават своето, јас сум далеку, 15 километри од Подгорица. Возам секој ден во двата правци и ако нешто се случи, секогаш дедо би бил виновен“, вели Бранислав.

Радуловиќ завршил геодетско училиште во средината на минатиот век.

Татко е на четири деца, еден син и три ќерки, а дедо на седум внуци и една внука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот