ВИДЕО: Цонга го одигра последниот меч во кариерата

Жо-Вилфрид Цонга го имаше последниот меч на „Ролан Гарос“/Париз, Франција/24 мај 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во последните три години, Жо-Вилфрид Цонга имаше големи проблеми со повредите, победи само во три меча на АТП турнирите.

Најдоброто издание го имаше во 2008 година ког играше финале на „Австралија опен“ против Новак Ѓоковиќ.

Во своите најдобри денови францускиот тенисер беше петтопласиран на АТП ранг листата.

Цонга (37) денеска го имаше последниот меч во кариерата, на домашен терен пред своите навивачи на „Ролан Гарос“.

Добро започна, освојувајќи го првиот сет со 7:6 против осмиот светски рекет, Норвежанецот Каспер Руд, но не го задржа водството.

Не направи изненадување, грбот и рамената не издржаа и по речиси четири часа борба на „Филип Шатрие“ стави крај на една одлична кариера.

Емоциите беа големи, толку многу што Французинот едвај успеа да сервира меч-топка, толку што многумина плачеа на трибините. Потекоа солзи, ги избриша, скандираа навивачите. И тоа беше последниот поен. Од почит, Руд не ја ни прослави победата, а на мрежа му испрати неколку зборови на противникот, кого го испрати во пензија.

Освои 18 АТП титули, беше двократен финалист на „Вимблдон“ и „Ролан Гарос“, а поради посебниот тениски израз и борбеност ги имаше посебните симпатии на тениската публика. Според многумина тој беше тенискиот „Мухамед Али“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот