ВИДЕО: Циципас против Хачанов за финале на Австралија опен

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на „Австралија опен“, откако славеше против чешкиот играч Јиржи Лехечка со 6:3, 7:6 (2) 6:4.

За пласман во големото финале во Мелбурн грчкиот тенисер ќе игра против Русинот Карен Хачанов кој претходно го елиминираше Себастијан Корда.

Втората полуфинална двојка кај мажите ќе се дознае по одигрувањето на останатите четвртфинални пресметки Б. Шелтон – Т. Пол и А. Рубљов – Н. Ѓоковиќ.

Во женска конкуренција исто така го дознавме првиот полуфинален пар, Белорусинката Викторија Азаренка за еден час и 39 минути игра со 6:4 и 6:1 ја совлада Американката Џесика Пегула.

Азаренка своето петто финале на грен слем турнирите ќе го брка против Елена Рибакина која триумфираше над Јелена Остапенко. За в среда се закажани останатите четвртфинални мечеви К. Плишкова – М. Линет и А. Сабаленка – Д. Векиќ.

Видео на денот