ВИДЕО: Циципас и Медведев во осминафиналето на „Австралија опен“

Данил Медведев е еден од фаворитите за освојување на титулата на „Австралија опен“/Мелбурн, Австралија/22 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Рускиот тенисер Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас, вториот и четвртиот носител, направија чекор поблиску кон освојување на трофејот на првиот грен слем годинава во Мелбурн.

Медведев во третото коло го совлада Холанѓанецот Ботик Ван де Зандшулп со 3:0 во сетови 6:4, 6:4 и 6:2 за помалку од два часа игра. За пласман во четвртфиналето Русинот ќе игра против американскиот тенисер Максим Креси кој беше подобар од Австралиецот Кристофер О`Конел со 6:2, 7:6 (6), 3:6 и 6:2.

Циципас се најде меѓу најдобрите 16 на овој турнир по триумфот над Французинот Беноа Пер со 6:3, 7:5, 6:7 (2) и 6:4. Следен ривал на грчкиот натпреварувач ќе биде Американецот Тајлер Фриц кој го елиминираше Роберто Баутиста Агут со 0:6, 6:3, 6:3, 4:6 и 6:3.

Во другите мечеви: Еванс-Ожер Алијасим 0:3 и Даниел-Синер 1:3. Во женска конкуренција Црногорката Данка Ковиниќ која претходно направи изненадување совладувајќи ја Ема Радукану (Велика Британија), беше поразена од Романката Симона Халеп со 6:2 и 6:1 за еден час и пет минути игра.

Во другите мечеви: Зиданшек – Корне 1:2, Таусон – Колинс 1:2, Мертенс – Женг 2:0, Канепи – Инглис 2:1, Вондрушова – Сабаленка 1:2 и Швјонтек – Касаткина 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот