ВИДЕО | Циципас: Ѓоковиќ е најголемиот кој некогаш држел тениски рекет во историјата

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо со 3:0 го совлада Стефанос Циципас во големото финале на Австралија Опен и со тоа ја освои рекордната 22 грен слем титула.
Циципас по мечот со големи зборови му се обрати на Новак и спортски му честиташе.
– Новак, не знам што да кажам. Мислам дека само го кажува тоа што си го направил. Сè е во бројките. Ти честитам. Имаш таква семејна поддршка. Мислам дека е слично како јас и ти пораснавме. Ова е неверојатно патување, се восхитувам на она што го направи за нашиот спорт. Благодарам – започна Циципас и продолжи:
– Имав привилегија да одиграм многу тешки мечеви. Би сакал да кажам уште еднаш. Новак е еден од најголемите во нашиот спорт. Тој е најголемиот некогаш кој држел тениски рекет во историјата. Сите нè туркаш до максимум. Секогаш сум жеден да се вратам и подготвен да се вратам на теренот за да работам со мојот тим – вели грчкиот тенисер.
Потоа, тој им се обрати на организаторите.
– На крајот, кога ќе се вратам во Австралија, тоа ми враќа спомени. На сите собирачи на топки, фотографи, организатори, ви благодарам што толку многу вложивте. Ние го цениме тоа. Благодарност и до спонзорите кои играат голема улога во нашиот тенис, без нив не би можеле да го направиме сето ова – се зборовите на Циципас.
𝗧𝗵𝗲 𝗵𝗶𝗴𝗵𝗲𝘀𝘁 𝗽𝗿𝗮𝗶𝘀𝗲. 👏 @steftsitsipas 🙇♂️ @DjokerNole #AusOpen pic.twitter.com/mZ2ey6qpXl
— Live Tennis (@livetennis) January 29, 2023