ВИДЕО: Чурлинов го постигна првиот гол во дресот на Шалке

Дарко Чурлинов со еден гол учествуваше во убедливата победа на Шалке/ фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е најзаслужен за убедливиот триумф на Шалке од 4:1 над Нирнберг во рамки на 17 коло во втората германска лига. Во претпоследното коло од есенскиот дел во втората лига, Чурлинов го постигна првиот гол во дресот на Шалке.

Напаѓачот на македонската репрезентација се запиша во листата на стрелци во 85 минута кога погоди за водство од 3:1 на неговиот тим.

Со победата, Шалке се искачи на третото место на табелата со 29 бода и се вмеша во трката за освојување на едно од првите две места на табелата кои носат директен пласман во Бундеслигата.
Дарко Чурлинов сезонава настапува за Шалке како позајмен играч од Штутгарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот