ВИДЕО | Чудо во Турција: Мачката Хан е извлечена од урнатините 49 дена по земјотресот

Фото: Скриншот/Твитер

Не за џабе велат дека мачките „имаат девет животи“. Доказ за тоа е мачката Хан, која била извлечена од урнатините во Турција дури 49 дена по разурниот земјотрес.

Нејзината сопственичка Нида Дина изјавила за турски „Хабер“ дека секојдневно ги посетувала урнатините на нејзината зграда во градот Кахраманмараш. Таа не ја изгубила надежта и не се откажала од потрагата по саканиот миленик.

„Нашата зграда беше оштетена во првиот земјотрес. Излегов со ќерка ми, но мачката не успеавме да ја најдеме. Ја најдовме дури сега, кога започна отстранувањето на урнатините од нашата зграда“, изјави Дина.

Мачката имала само повредена шепа и моментално ја добива потребната здравствена нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот