ВИДЕО | „Чудо е што остана живо“: Тригодишно дете падна од петти кат од зграда во Њујорк

Фото: Принтскрин

Тригодишно дете во понеделникот падна од петти кат на зграда во Њујорк, како што може да се забележи од снимката на надзорната камера.

Детето било пронајдено од жена која поминувала на улицата, а набргу околу него биле собрани повеќе луѓе кои пробувале да му помогнат.

Ен-Би-Си Њујорк извести дека детето живее во Бронкс, се вика Жосе, има Даунов синдром и бил дома со мајката, сестрата и тетката кога паднал од прозор. Фамилијата подоцна рекла дека детето го тргнало парчето картон на прозорот на кој се наоѓал клима-уредот.

Еден од станарите за новинарите рекол дека на прозорот порано имало заштитна ограда која била отстранета заради поставувањето на клима-уредот.

„Само не гледаше изненадено. Не плачеше“

Кога разбра што се случило, мајката на Жосе претпоставила дека детето е мртво.

„Само не гледаше изненадено. Не плачеше“, рекла тетката која прва од станот дотрчала до детето пред зграда.

Полициската управа во Њујорк соопшти дека инцидентот се класифицира како несреќа и дека нема да биде подигнато обвинение. Жосе ја скршил бутната коска и ќе мора да остане во болница еден месец.

„Чудо е што детето остана живо“, рекол сопственикот на тендата на која паднала детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот