ВИДЕО: Чудесно, голман одбрани и постигна гол за победа на Мешков Брест во ЛШ

Иван Мацкевич е херојот на белорускиот Мешков Брест во победата над Елверум во Норвешка/Фото: Принтскрин/twitter.com/ehfcl

Денеска во рамките од деветтото коло во ЕХФ Лигата на шампионите во групата „А“ каде што настапува и Вардар 1961, на гостински терен славеше Мешков Брест над Елверум со 32:33.

Белорусите во последните секунди триумфираше во Норвешка, нивниот голман Иван Мацкевич реализираше чудесен гол за прв триумф на неговиот клуб сезонава во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Ова е можеби најлудиот погодок во историјата на ЛШ, домаќинот имаше напад за победа, но неговиот удар го одбрани Мацкевич кој ја зафати топката на самата гол линија.

А потоа веднаш забележа дека беше празна противничката мрежа и од гол на гол стрелаше за голема радост на Мешков Брест.

Моментно на табелата во групата „А“ води Монпеље со 13 бодови, пред Пик Сегед со 12, 11 има Кил, Алборг 10, Елверум 8, Вардар 5, ППД Загреб 4, а Мешков Брест 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот