ВИДЕО | Човек спасил був заглавен на кров, птицата имала преслатка реакција кога добила храна

Фото: Скриншот/Јутјуб

Еден був се заглавил на покрив од училиште во Сирија. Птицата била многу исплашена и се обидувала да побегне, но не можела да го направи тоа бидејќи ногата ѝ била обвиткана со јаже.

За среќа, еден маж бил доволно храбар и бил решен дека ќе ѝ помогне на птицата.

„Мојата сестра ми кажа дека има був кој е заглавен на покривот и дека му било обвиткано јаже околу ногата. Во тој момент, јас знаев дека морам да му помогнам“, раскажал човекот за „The Dodo“.

Тој донел ножици и ќебе и се качил на покривот на училиштето. Успеал да го пресече јажето и да го ослободи бувот, па го завиткал со ќебето.

„Кога го ослободив бувот, ѝ го предадов на учителката. Птицата веднаш беше посмирена и благодарна што успеавме да ја спасиме”, рекол тој.

Потоа, тој ја однел птицата дома и се грижел за неа одреден период.

„Ја хранев петпати дневно и ѝ давав вода со витамини за да се опорави побргу и да стане посилна. Таа јадеше и ме гледаше како да сакаше да ми каже: ‘Дај ми уште храна, многу сум гладна’. Јас спасувам животни веќе неколку години, но ова беше посебно искуство“, раскажал човекот.

Кога се опоравила, човекот ја однел птицата во блиската шума и таа одлетала.

„Се надевам дека сега живее добро таму“, рекол за крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот