ВИДЕО | Човек бега со полна корпа од маркет во Белград, продавачка го брка

Фото: Инстаграм/принтскрин

На социјалните мрежи се појави видео од човек кој краде корпа полна со намирници од маркет во Белград и бега, додека продавачка неуспешно се обидува да го запре.

На снимката се гледа како продавачката се обидува да ја отвори вратата од автомобилот и да го спречи, но тој успева да се оттргне и бега од местото.

Во објавата е пренесена и изјава од жената која го снимила видеото. Таа тврди дека средовечниот човек бил редовен купувач во маркетот.

„Толку успеав да снимам, се работи за средовечен човек кој живее во Учителската населба и секојдневно влегува во продавницата каде што најчесто пазарува, а сега истрча со полна корпа и избега. Работниците се обидоа да го фатат, но не успеаја“, вели жената која побарала да остане анонимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот