ВИДЕО | Членовите на кралското семејство пристигнаа во замокот Виндзор: Светските медиуми во живо ја пренесуваат церемонијата по повод погребот на принцот Филип

epa-efe

Принцот Филип, војводата од Единбург, британски принц и сопруг на кралицата Елизабета Втора почина на 9 април 2021 година на 99-годишна возраст. Кралското семејство денес ќе го одржи последното збогување со него…

Архиепископот од Кантербери пристигна во капелата Сент Џорџ во пресрет на службите по повод погребот на принцот Филип, а Џастин Велби ќе го води последното збогување заедно со деканот на Виндзор. Двајцата ќе го поздрават ковчегот по едноминутно молчење што ќе го означи почетокот на погребот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TheRoyalist ? (@_britishroyals_)

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон пристигнаа во замокот Виндзор, пред службата во 15 часот по локално време. Принцот Вилијам и Кејт ќе им се придружат на другите членови на кралското семејство кои денес ќе се простат од принцот Филип со скромна церемонија.

Од сите членови на кралското семејство, први кои пристигнаа во замокот Виндзор беа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол. Двајцата се меѓу само 30-те на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат на интимната служба.

Голема тага во Велика Британија

Сè е подготвено за последното збогување со војводата од Единбург, принцот Филип. Полициските службеници ја обезбедуваа областа со денови, а голем број граѓани дојдоа до оградата на замокот за последен пат да се збогуваат од членот на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот