ВИДЕО | Чиста магија: Поенот на Ѓоковиќ против Алкараз со кој ја крена публиката на нозе

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новак Ѓоковиќ со фантастична игра го победи Карлос Алкараз и се пласираше во финалето на завршниот турнир во Торино. Младиот Шпанец немаше шанси против расположениот Ѓоковиќ кој славеше со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).

Во финалето денеска Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Јаник Синер кој претходно во групната фаза успеа да го победи српскиот тенисер.

Присутните на вчерашниот меч помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз имаа можност да уживаат во фантастични поени, а еден од нив буквално ја крена публиката на нозе која се поклони пред популарниот Ноле.

Со тој поен Ѓоковиќ стигна до водство од 5:2, а го освои откако претходно врати неколку тешки удари од аглите на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот