ВИДЕО: Четворица загинати, 120 повредени – три лица спасени од под урнатините по земјотресот во Измир

Фото: EPA-EFE/DEMIROREN NEWS AGENCY TURKEY OUT

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди турскиот егејски регион денеска, според Националната агенција за катастрофи. Најмалку четири лица загинале, а 120 се повредени во земјотресот во Измир, јавуваат агенциите.

Според Агенцијата за справување со несреќи и итни состојби (АФАД) земјотресот удрил во 2.31 попладне по локално време, на длабочина до 16,54 километри.

Бугра Гокче, генерален секретар на Измирската област, изјави за каналот НТВ дека некои објекти во градот се уништени од потресот.

Истанбулскиот гувернер Али Јерликаја изјави дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул, но нема информации за штети.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека шест згради во егејската провинција Измир се уништени во потресот.

Нема информации за жртви, вели министерот.

Другите турски западни провинции како Усак, Дензили, Маниса, Баликесир, Ајдин и Мугла претрпеле помали штети на некои објекти.

Турските екипи за спасување ја продолжуваат нивната работа на теренот, вели министерот.

Кон погодениот регион се упати и турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмалилоглу рече дека нема проблеми во смисла на транспорт и комуникации по земјотресот.

Според измирскиот градоначалник Тунк Сојер околу 20 згради се урнале во земјотресот.

Најкритично е во регионите  Бајракли и Борнова, вели тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе ги заштити „граѓаните погодени од земјотресот“.

„Презедовме акции за да се почне со неопходната работа во регионот со сите релевантни институции и министри“, рече Ердоган.

Три лица, заробени под урнатините, се спасени во областа Бајракли во Измир.

Според Националната опсерваторија во Атина магнитудата на потресот била 6,6 степени и потоа е коригирана на 6,7 степени. Земјотресот го погоди и грчкиот остров Самос во Егејското море, соопшти Опсерваторијата.

(Извор: Anadolu Agency AA)

ВИДЕО+ФОТО | Катастрофа во Измир: Срушени згради и поплавени улици по разорниот земјотрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот