ВИДЕО: Четиригодишно девојче и две жени застрелани на њујоршкиот Тајмс Сквер

Според информациите од полицијата, жртвите не се поврзани со напаѓачот, ниту пак се меѓусебно поврзани. Полицијата соопшти дека има информации дека неколку мажи се скарале, па еден од нив пукал и ги погодил девојчето и двете жени.

Четиригодишно девојче и две жени се застрелани вчера попладне на њујоршкиот Тајмс Сквер, објавија американските медиуми.

Според информациите од полицијата, жртвите не се поврзани со напаѓачот, ниту пак се меѓусебно поврзани. Полицијата соопшти дека има информации дека неколку мажи се скарале, па еден од нив пукал и ги погодил девојчето и двете жени.

Девојчето било рането во ногата, како и двете жени. Една е 23-годишна туристка која сакала да ја види Статуата на слободата и бидејќи била затворена во моментот кога таа дошла, одлучила да прошета на Тајмс Сквер. Ен-Би-Си пишува дека е уапсено лицето осомничено дека е поврзано со пукањето. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот