ВИДЕО | Черими: До овој момент немаме податок за фалс вакцини во Република Северна Македонија

Секторот за меѓународна полициска соработка е организациона единица која функционира во БЈБ при МВР. Јас како нејзин човек одговарам пред директорот на Бирото. Единицата е формирана во 2010 и има за цел да биде контакт точка за размена на информации помеѓу сите организациони едници при МВР кои спроведуваат истрага и не само МВР, туку Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Обвинителствата со Интерпол, Европол и не само со овие туку и со други меѓународни организации, изјави во Утрински брифинг Рефик Черими, началник за Интерпол и Европол при МВР.

Тој објасни како функционира соработката со Интерпол и Европол на македонското МВР.

-Комуникацијата се одвива преку безбедносните канали. Со Интерпол е познатиот канал 24/7, додека со Европол има посебен безбедносен канал наречен „Сиена“, но во дадена ситуација се користи телефон, факс и други видови на комуникација, изјави Черими додавајќи дека како земја членка на Интерпол имаме пристап до сите можни бази кои ги користи оваа меѓународна служба за борба против криминалот.

-Имаме пристап до најголемата и најважната база која е за потрага по полица, како и за потрага и лоцирање на огнено оружје, вели Черими.

Зборувајќи за последните опасни предизвици кои се шират преку социјалната мрежа Тик Ток и кои ги доведуваат во ризик и децата во Македонија, Черими нагласи:

Вистина е дека стигна предупредување за опасна игра на мрежата Тик Ток. Ние тоа веднаш го споделивме со релевантните институции. Но одговорен за преземање на било какви мерки , во смисла на истрага и затворање на Тик Ток, одговорно во МВР е секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика, вели Черими.

Тој се осврна и за истрагата за скандалозните објави на лични фотографии на социјалната мрежа Телеграм преку групата „Јавна соба“.

-Ние како сектор немавме конкретна задача, затоа што немаше утврдено дека има елементи надвор во скандалот со Јавна соба и затоа не бевме вклучени, но сепак откако се појави, МВР два пати ја затвори таа група. Не може да се рече дека е неуспешно, бидејќи сепак се работи за комјутерски предизвици, се затвораат па отвораат, но МВР е тука и секогаш кога се појавуваат се затвораат. Санкциите треба да бидат во координација со правосудните органи, вели Черими.

Во однос на информациите дека низ светот се продаваат лажни вакцини против ковид-19 преку разни илегални канали, Черими рече:

-Имаше распишани предупредувања за лажни вакцини и известени се сите надлежни служби, посебно Царинската управа на Македонија која е одговорна за увозот на стоки. Ако има таква појава ние како Интерпол ќе бидеме известени и ќе ги известиме надлежните служби. Но до овој момент немаме податок за фалс вакцини во Република Северна Македонија, рече Черими.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот