ВИДЕО: Челси со триумфот над Салцбург обезбеди пласман во нокаут фазата на ЛШ

Каи Хаверц им донессе голема радост на лондонските „сини“/Салцбург, Австрија/25 октомври 2022/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Фудбалерите на Челси ја совладаа екипата на Салцбург во Австрија со 1:2 во натпреварот од петтото претпоследно коло во групата „Е“ во Лигата на шампионите.

Лондонските „сини“ со овој триумф го обезбедија пласманот во нокаут-фазата, поведоа со голот на Ковачиќ во 23 минута.

Израмнија домаќините на стартот од вториот дел преку Адаму, а конечниот епилог го постави Хаверц (64`).

Севиља во рамките од групата „Г“ ги одржува шансите за една од првите две позиции кои водат понатаму.

Шпанците на домашен терен со 3:0 славеа над данскиот ФК Копенхаген, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Ен Несири (61`), Иско (88`) и Монтиел (90+2`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот