ВИДЕО: Челси преку Лидс на врвот, Алиоски играше на „Стемфорд Бриџ“!

Фото: EPA-EFE/Daniel Leal-Olivas

Вечерва на стадионот „Стемфорд Бриџ“ екипата на Челси беше подобар од Лидс со резултат 3:1 во рамките од 11 коло во Премиер лигата.

Клубот од „Иланд роуд“ од првата сериозна шанса дојде прв во предност, во контранапад Филипс убаво го пронајде Бамфорд кој го издрибла голманот и ја испрати топката во мрежата.

Следуваа силните налети на домаќините кои тешко можеа играчите на Биелса да ги запрат, лондонските „сини“ израмнија во 27 минута откако Џејмс асистираше до Жиру кој пак ја продолжува голгетерската серија после четирите погодоци против Севиља во Лигата на шампионите.

Лидс во целото второ полувреме не можеше да дојде до нова посериозна можност повторно да реализира, па до крајот на мечот примија уште два гола. Во 61 минута беше изведен корнер од Маунт, највисоко скокна Зума на кој не внимаваа најдобро дефанзивците на Лидс и стрелаше за позитива на домаќините.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер за Лидс и настапи до 69 минута кога беше заменет од Родриго. Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од средбата (90+3`), Вернер кој имаше неколку убави шанси за погодок, на крајот успеа барем да асистира до Пулишиќ.

Сега екипата на Лампард води на табелата со 22 бодови, еден повеќе од Тотенхем и Ливерпул кои своите мечеви против Арсенал, односно Вулверхемптон ќе ги имаат в недела. Лидс е моментно на 13 позиција во генералниот пласман со 14 бодови после петтиот пораз. Во наредното коло на 11 декември на домашен терен ќе го пречека Вест Хем.

ВИДЕО: „Ѓаволско“ второ полувреме, Јунајтед повторно се враќаше од негатива!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот