ВИДЕО: Челси понижен на „Олд Трафорд“, Јунајтед го потврди пласманот во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Манчестер jунајтед убедливо го совладаа Челси на домашен терен со резултат 4:1 во последниот натпревар од 32 коло во Премиер лигата. Со триумфот над „сините“ екипата на Ерик тен Хаг обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а Ливерпул ќе игра во Лига Европа.
Домашните поведоа во шестата минута со голот на Касемиро по додавањето на Ериксен. Повредениот Антонио мораше да биде заменет со Рашфорд, но тоа не ги спречи „црвените ѓаволи“ да ја удвојат предноста во последните моменти од првото полувреме.
Касемиро убаво го пронајде Санчо, а овој му асистираше на Марсијал, на кој не му беше тешко да го совлада Кепа. Челси можеше да постигне гол по шансите на Хаверц и Галагер, но во 73 минута Бруно Фернандеш го искористи пеналот кој го направи Фофана.
Official verdict from Premier League for European competitions tonight…
Manchester United will play Champions League football next season. 🔴🇪🇺 #MUFC
Liverpool will be in Europa League. 🔴🇪🇺 #LFC pic.twitter.com/cGY2YrW4Am
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 25, 2023
Французинот не се прослави ниту пет минути подоцна кога Маркус Рашфорд ја искористи грешката во одбраната и го совлада голманот. И Гарначо пропушти шанса за Јунајтед погодувајќи ја пречката, додека утешниот гол за Челси беше дело на Жоао Феликс во 89 минута, но тој не промени ништо.
Манчестер јунајтед има 72 освоени бода, два повеќе од четвртопласираниот Њукасл на едно коло пред крајот на сезоната, додека Челзи е на 12 позиција со 43.