ВИДЕО: Чави со победа ја започна ерата како тренер на Барселона

Победничко деби на Чави Ернандез/ фото: EPA-EFE/Toni Albir

Легендарниот капитен на Барселона, Чави Ернандез, со победа ја започна новата ера во каталонскиот тим, овој пат како тренер. Барселона во 14 коло од Ла Лига во градското дерби со минимални 1:0 го совлада Еспањол.

Во првото полувреме иако беше 0:0, Барселона беше поопасен противник на „Камп Ноу“, домапните фудбалери упатија рекордни сезонава 11 шутеви кон голот на противникот за едно полувреме, но не успеаја да ја затресат мрежата.

Барселона беше оштетена за пенал во првиот дел по прекршокот над Нико Гонзалес, но судијата Дел Серо одмавна со раката. Интересно е што Чави во првиот дел му даде шанса на младиот 17-годишен напаѓач Акомах кого го замени на полувремето. Дека Чави планира поголема шанса да им даде на младите фудбалери докажа со замената на Акомах, во игра го внесе Абдесамад Езалзули кој има само 19 години.

На стартот од вториот дел се случи клучниот момент кој го одлучи победникот. Мемфис Депај бее фаулиран во казнениот простор на Еспањол, а судијата Дел Серо веднаш покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Депај.

До крајот на натпреварот и Еспањол имаше свои шанси да дојде до израмнување, посебно во 81 минута кога Де Томас со удар од слободен удар ја погоди стативата.

До крајот немаше промена на резултатот и Чави Ернандез со победа ја започна ерата како тренер на Барселона која сега има 20 бода и се наоѓа на шестото место на табелата.

Претходно, шампиотнот Атлетико Мадрид со голот на Фелипе во 87 минута оствари минимален триумф од 1:0 над Осасуна.


Резултати:
Селта – Виљареал 1:1
Севиља – Алавес 2:2
Атлетико Мадрид – Осасуна 1:0
Барселона – Еспањол 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот