ВИДЕО | Чаловска Димовска: Пандемијата ја влоши состојбата на руралните жени – работат повеќе и се понебезбедни

Неда Чаловска Димовска - програмска офицерка за родова еднаквост и малцинства
Неда Чаловска Димовска - програмска офицерка за родова еднаквост и малцинства / Утрински брифинг

Во последното истражување „Руралните жени водат“ сакавме да видиме со што се соочуваат руралните жени во времето на пандемијата, особено со оглед на тоа што родовиот јаз е понагласен во руралните средини, вели Неда Чаловска Димовска – програмска офицерка за родова еднаквост и малцинства за Утрински брифинг.

-Пандемијата само ја влоши ситуацијата. Ако порано жените во руралните средини работеа 10-11 часа неплатена работа за разлика од мажите со 9 часа работа, сега работат 15 па и повеќе часа. Жените придонесуваат кон нивните семејни земјоделски стопанства но тоа не е никаде регистрирано по што на долг рок се најневидливите работници во земјата кои имаат проблем да остварат права од здравствено и пензиско осигурување, вели Чаловска.

Таа додава дека во руралното семејство иако жената најмногу придонесува за производство на храна таа јаде последна и најмалку квалитетна храна. Истражувањето покажа дека во регионот проблемите се реплицираат. Кај нас е различно платеното породилно отсуство, односно жените регистрирани како земјоделци не се внесени во законот и не можат да остварат платено породилно отсуство.

Во однос на безбедноста на руралните жените, ако претходно само 3 отсто изјавиле дека се чувствувале небезбедно во својот дом, сега со пандемијата процентот е 40 отсто.

Проследете го целиот разговорот во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот