ВИДЕО | Чакаровски: Огледало на државата е Железницата, а ние немаме ни локомотиви

Душко Чакаровски, Независен синдикат на Железница/ Фото: Слободен печат

Машинскиот персонал повторно штрајкува поради неисплатен втор дел од октомвриската плата. Директорот Аднан Азизи наредил медиумите да не влегуваат во МЖ за време на штрајк. Веќе петти ден железничкиот сообраќај е во прекин.

-За проблемот со неисплаќањето на платите треба да каже менаџментот. Наше е да работиме, нивно е да најдат средства да ни исплатат плата. Нивното објаснување е дека нема пари. Или немаме работа или имаме преврабтеност. Ние знаеме дека нашето сме го изработиле, вели Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал во Железницата – Транспорт.

Тој вели дека економското работење е на менаџментот и дека факт е дека има штети. Но, возовите стојат и по граница затоа што државата нема локомотиви. Огледало на државата е железницата, дециден е синдикалецот.

-Овде треба да дојде домаќин човек што ќе работи како што треба, а не партиски луѓе. Тој шт ќе дојде да обезбеди средства за работа и локомотиви, а ние сме тука да работиме, вели тој.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот