ВИДЕО: Церемонијален пречек на бугарската владина делегација

Бугарскиот претседател Кирил Петков пристигна во Скопје/Фото: Скриншот

Со церемонијален пречек пред Владата и со високи државни и воени почести  започна официјалната посета на државава на бугарската делегација предводена од премиерот Кирил Петков.

Бугарската делегација ја пречекаа премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Петков е придружуван од Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија и бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев.

На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија беше пречекана од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот