ВИДЕО | Цените на горивата ја пробиваат психолошката граница – ќе поскапи ли и такси превозот

Сашо Рајчановски / Утрински брифинг

Ценовниот притисок се засилува, а цените на горивата полека се доближуваат до 80 денари за литар. Според последните измени во понеделникот, неделава Еуросупер 98 се точи за 78,5 денари по литар, додека литар дизел чини 68,5 денари. Автоплинот пак како најеколошки и најисплатлив – достигна цена од 46 денари за литар.

Горивата се едни од клучните инпути од кои зависат голем број сектори во економското работење. Секако тука се и такси превозниците од каде покрај на високата цена се жалат и на нелојалната конкуренција. Дали за очекување е поскапување на такси превозот?

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Сашо Рајчановски, претседател на групација на авто-такси превозници на Град Скопје.

-Со последното зголемување на цената на горивата нема да поскапи такси превозот. Сега само некои компании го намалија, а некои го укинаа попустот. Немам сознанија дека некоја компанија доставила барање за зголемување на цената оти го знаеме стандардот на граѓаните. Најголем проблем ни се нелиценцираните, диви, таксисти, вели Рајчановски за Утрински брифинг.

Рајчановски вели дека лиценцирани возила се 2000, а регистрирани такси возачи има само 400. Тој додава дека ако се спроведуваат правилата, ќе се пријават уште 1500 такси возачи и сите ќе бидат рамноправни. Конкуренцијата ќе биде фер ако излезе трудова инспекција и да утврди колку диви возачи има, а возат и пензионер.

-Не се исклучува ако продолжат вака цените дека ќе имаме корекција на цената, ќе поднесеме барање до Град Скопје. Може да изгубиме и патници, но ако не се усогласиме ќе треба да ги паркираме возилата. Ќе мора да има некакви субвенции. Таксистите и онака имаа големи проблеми за време на ковид кризата. Угостителските објекти и аеродромот беа затворени, а болните од ковид со такси одеа на лекар, па граѓаните се плашеа да влезат да се возат во такси. Баравме и да имаме приоритет за вакцинација, но не успеавме во тоа, вели Рајчановски.

Тој вели дека возилата се обновени, не се така стари како што беа.

-Влегоа и такси компании со нови возила. Постарите возила одат на 6 месеци на технички преглед. Далеку сме од тоа да преминеме на хибриден или електричен погон. Стандардот ни е далеку за да може да купиме такви. И за тоа треба некој да ни помогне и некакви субвенции, а обемот на работа да ни овозможува да ги плаќаме ратите од кредитите.

Рајчановски потенцира дека цената на таксито во последниве 10 години е иста, а во меѓувреме многу пати и многу се зголеми цената на горивото, па сега таксистите работат со минимална заработувачка.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот