ВИДЕО: Цела Куба остана без струја како последица на ужасниот ураган

Ураган Иан во Куба/ Фото EPA-EFE/Yander Zamora

Електричната мрежа на Куба се урна доцна синоќа, оставајќи ја целата земја без струја откако беше погодена од ураганот Иан, кој го опустоши западниот крај на островот со силни ветрови и поплави, пишува Ројтерс.

Лазаро Гуера, технички директор на Електричниот синдикат на Куба, рече дека дефектот во националниот електричен систем, делумно поврзан со невремето, ја погодил инфраструктурата, објавија државните медиуми.

Гуера рече дека синдикатот ќе работи во текот на ноќта и рано во среда за да ја врати електричната енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот